Седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон е победник на наградата на Аутоспорт „Возач на годината“ која беше презентирана од Пирели. Хамилтон ја продолжи својата неверојатна доминација во Ф1 и оваа сезона откако ја обезбеди својата рекордна седма титула.

Возачот на Мерцедес исто така ги надмина победите на Мајкл Шумахер чиј предходен рекорд беше 91. Тој го држи рекордот и за најбрза пол позиција откако ја оствари оваа сезона во Монза за време на Големата Награда на Италија.
Коментари
Loading…