in

Што?Што?

Хамилтон неизвесен за Канада

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон успеа да заврши како четврти во трката за Големата награда на Азербејџан. Но, и покрај солидната трка, големо прашање е дали тој ќе седне во болид на Мерцедес за една недела кога на програмата е Гран При на Канада.

Британецот за време на трката почувствувал болки во грбот, а кога излегол од болидот било очигледно дека му е непријатно.

– Страдав и стискав заби додека ме болеше. Но, адреналинот помогна – изјави Хамилтон.

Дека учеството во Канада е под знак прашалник потврди и првиот човек на Мерцедес, Тото Волф.

– Навистина е лошо. Ќе мора да најдеме решение. Учеството во Канада сега е доведено во прашање. Не разговарав со него по трката, но вие го видовте. Мислам дека не е само мускул во прашање, туку дека стигнал до кичмата и можни се сериозни последици – изјави Волф.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote