in

Ханси Флик ќе го замени Лев на клупата на Германија!

Поранешниот тренер на Баерн Минхен ќе седне на клупата на германската репрезентацијата по завршувањето на Европското Првенство.

По одлуката за напуштањето на тренерот Јоаким Лев на германската фудбалска репрезентација, само едно име постојано се спомнуваше како негова замена, а тоа беше поранешниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик.

Сега веќе беше официјално објавено дека Флик со сигурност ќе ја води репрезентацијата на Германија, но по завршувањето на Европското Првенство. Јоаким Лев ја водеше репрезентацијата дури 15 години и негов најголем успех е освојувањето на СП во 2014.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote