in

Хавертц конечно се враќа во форма! Со два гола го сруши Фулам!

Каи Хаверц со одличен настап, постигнувајќи два погодоци ги подобри шансите на Челси за пласирање во Лигата на Шампиони следната сезона и го испрати Фулам поблиску до Чемпионшипот.

Хаверц, кој беше еден од петте измени кои Тухел ги направи по натпреварот со Реал Мадрид минатиот вторник, најпрвин погоди во првото полувреме по одличниот пас на Маунт. Тој ја дуплираше предноста на Челси преку феноменалната асистенција на неговиот сонародник Вернер на почетокот на второто полувреме.

Фулам имаше одлични шанси кои не ги искористи во првото полувреме, но во вториот дел од натпреварот Челси ја имаше тоталната доминација врз играта. Со оваа победа Челси останува на четвртата позиција до следното коло.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote