in

Роботот хеликоптер – Ingenuity се подготвува за историски лет на Марс! [ФОТО]

Мал хеликоптер наречен Ingenuity, кој пристигна на Марс собран во роверот Perseverance, треба да полета на 11 април, објави НАСА.

„#МарсХеликоптер се подготвува да направи нешто што никогаш порано не е направено: контролиран лет од друга планета“, објави NASA на Twitter.

Фотографиите направени со хеликоптерот и другите податоци ќе пристигнат на Земјата следниот ден, на 12 април, додаде NASA.

Малиот хеликоптер, тежок 1,8 килограми, веќе го испрати својот прв извештај до контролниот центар во Пасадена, Калифорнија, по слетувањето на роверот Perseverance.

Ingenuity треба да полета од платформа со димензии 10 на 10 метри. Во текот на летото, треба да достигне висина од околу три метри, да остане на едно место околу триесет секунди, да се сврти и да се врати на земјата.

Хеликоптерот се напојува со литиумски батерии и може да проба уште неколку летови околу еден месец, пркосејќи им на екстремните услови на Марс: температури од минус 90 степени Целзиусови, мала гравитација и тенка атмосфера.

Дел од историјата се наоѓа на Ingenuity: мала количина материјал што покриваше едно од крилата на авионот на браќата Рајт, кој прелета над Северна Каролина во декември 1903 година. Тоа беше првиот контролиран лет на Земјата.

Роверот Perseverance, кој тежи околу еден тон и има големина на мал автомобил, слета на Марс во февруари по 480 милиони километри патување низ вселената, кое траеше скоро седум месеци.

Главната цел на двегодишната мисија на роверот Perseverance е потрага по микробиолошки живот што можел да биде на Марс пред три милијарди години, приближно во времето кога настанал животот на Земјата.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote