Легендарниот капитен Бетис Хоакин потпиша нов едногодишен договор, а тој на 21 јули ќе го прослави својот 40-ти роденден.
Поранешниот репрезентативец на Шпанија руши рекорди. Тој стана најстариот стрелец во историјата на Примера на 39-годишна возраст, седум месеци и пет дена, кога постигна гол во победата од 3:2 над Алавес на почетокот на март.
Ова е втор пат во неговата кариера да игра за својот матичен клуб, каде ја започна својата кариера. Извесно време играше за Валенсија и Малага, како и за Фиорентина во Италија.
Хоакин е втор во историјата на Примера според бројот на натпревари. Одигра вкупно 579 натпревари, а првиот е легендарниот голман на Атлетик Билбао, Барселона и Валенсија, Андони Зубизарета, со 622 натпревари.
Хоакин минатата сезона одигра 27 натпревари во Примера и постигна два гола, а Бетис го освои високото шесто место.
Real Betis captain Joaquin is set to play La Liga football into his 40s, after signing a new deal.
— BBC Sport (@BBCSport) May 24, 2021
Тој го носеше дресот на шпанската репрезентација вкупно 51 пати и постигна четири погодоци.
Коментари
Loading…