Властите на Холандија повеќе нема да ја употребуваат вакцината на АстраЗенека за лица помлади од 60 години поради смртен случај на жена која се вакцинирала со истата. Причината за смртта на жената била белодробната емболија и мал број на тромбоцити.
Во државата се забележани случаи на дури 5 жени кои пријавиле тромбоза по вакцинацијата. Нивната возраст варирала од 25 до 65 години. Во просек тромбозата во Холандија се јавува 5 пати во 400,000 примени дози на вакцини, што претставува релативно низок ризик.
Коментари
Loading…