in

Хонг Конг ќе има посебни места за дружење на вакцинирани лица!

Официјален Хонг Конг вели дека наскоро вакцинираните жители наскоро би можеле да имаат право да формираат посебни места за вакцинирани лица што ќе им овозможи да се дружат во поголеми групи за време на пандемијата, како дел од охрабрувањето на повеќе луѓе да се вакцинираат.

Досега само околу осум проценти од населението се вакцинирани откако Хонг Конг ја започна својата програма за вакцинирање кон крајот на февруари.

Но, официјалната Кери Лам на прес-конференцијата рече дека ќе воспостави патна врска за вакцинираните со Сингапур и дека деталите ќе бидат објавени наскоро.

Слични планови беа направени во ноември минатата година по зголемувањето на бројот на заразени лица во Хонг Конг, што доведе до неколкумесечни строги мерки на физичко растојание.

Случаите се намалија оттогаш.

Исто така, се планира да се дозволи ограничен број патници од континентална Кина да влезат во Хонг Конг без карантин од средината на мај, пренесува АП.

Забраната за летови од Велика Британија исто така ќе биде укината во мај, иако патниците сепак ќе треба да бидат во карантин 21 ден во одредени хотели. Ограничувањата за карантин за целосно вакцинирани патници од земји со низок и среден ризик, како Сингапур, Нов Зеланд и Австралија, исто така, може да се намалат.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote