Овој пат избравме палачинки, но нешто поразлично од оние на кои сте навикнале, а главен адут им е нивната хранлива вредност.
Колку е поразлично кога хељдата е главна улога, а и е многу здрава. Затоа, внимателно прочитајте што ви треба од состојките, одлучете се за сладок или солен фил по вкус и упатете се во кујната за да ги задоволите себе си или вашите најблиски.
Состојки:
- 250 гр брашно од хељда
- 10 гр сол
- 2 јајца
- 600 мл филтрирана вода
- 2 лажички маслиново масло
Подготовка:
Измешајте брашно, сол и јајца, а потоа полека истурете вода за да добиете издначена смеса. Потоа додадете маслиново масло. Загрејте тава или апарат за палачинки, и намастете го со малку масло или путер. Полека истурете ја смесата на дното, почекајте да започне да се одделува од страна, а потоа свртете ја да се пече и од другата страна. Продолжете сè додека не ја користите целата смеса, пополнете по вкус и уживајте.
Ако ги подготвивте палачинките претходниот ден и сакате да ги послужите топло, прво наполнете ги по желба, на пример со сирење, а потоа наредете ги на тава убаво да се загреат. Бидете креативни, играјте со состојките, а некои од најдобрите комбинации се оние со шунка, сирење, јајца или печурки.
На здравје!
Коментари
Loading…