in

СлаткоСлатко

Хрватска си има свое мртво море

Соленото езеро, кое го нарекуваат Мртво Море, се наоѓа на самиот исток на островот Локрум и е прилично познато место за капење создадено во поранешна ерозивна депресија на релјефот.

Како што минувале годините, во карпите се создавала ерозивна вдлабнатина, која била исполнета со вода од Јадранското Море, а со подземен канал се поврзала со отворено море.

Го добило името Мртво Море според познатото Мртво Море кое се наоѓа помеѓу Израел и Јордан и во кое водата е толку солена што нема растенија и животни, а само некои едноклеточни успеваат да преживеат во шест пати посолените води на оваа водна површина која е всушност езеро.

Во овој природен залив морето е плитко и никогаш нема бранови, што го прави совршена дестинација за семејства со деца, како и за послаби капачи.

Самиот остров Локрум е резерват на шумска вегетација под заштита на УНЕСКО и крие неверојатни природни феномени, како и интересни животински видови. Меѓу нив се издвојуваат пауни кои шетаат по целиот остров и кои се негов заштитен знак.

За овој остров се поврзува и необична легенда. Имено, дубровчани советуваат да не земате ништо од островот, ниту лист од дрво, бидејќи сѐ што е земено од островот ќе му донесе лоша среќа на новиот сопственик.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote