На конференцијата за развој на кинескиот гигант Huawei беа објавени безжичните слушалки Huawei FreeBuds Pro и паметниот часовник Huawei Watch GT2 Pro.
Што нуди Huawei Watch GT2 Pro?
Новата генерација на паметни часовници од Huawei има 1.39 инчен OLED Sapphire екран со 454×454 резолуција. 455mAh батерија која се претпоставува со оптимално користење дека ќе потрае до 14 дена. Часовникот поддржува безжично полнење. Во исто време, располага со 4 гигабајти меморија и GPS.
Паметниот часовник е водоотпорен до 5 ATM и ја поддржува Bluetooth 5.1 технологијата. Како новитет има вградено сензори за кислород во крвта.
Цената на Huawei Watch GT2 Pro е 330 евра.
Коментари
Loading…