in

Hugh Jackman го наговести појавувањето на Wolverine во филмовите на Marvel?!

Хју Џекмен објавуваше фотографии со двојно значење на социјалните мрежи изминатиов период со што го наговести појавувањето на Wolverine во филмскиот универзум на Марвел.

Акторот ја толкуваше улогата на популарниот мутант од 2000та година во филмот X-Men. Оттогаш тој ја играше улогата на Логан во осум други филмови: X2, X-Men: The Last Stand, X-Men Origins: Wolverine, X-Men: Days of Future Past и Logan. Исто така тој се појави во X-Men: First Class и X-Men: Apocalypse.

Со филмот Logan тој се збогуваше со суперхеројот и ни даде интересен крај на ликот. Но најновите објави на Џекмен наговестуваат појавување на ликот во друга форма во MCU. Тој неодамна објави две фотографии на Инстаграм, на едната популарните „канџи“ на неговиот херој и на другата слика со Џекмен и шефот на Марвел, Kevin Feige.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote