Германскиот возач Нико Хулкенберг кој беше замена 3 пати за возачите на Рејсинг Поинт оваа сезона верува дека може да се доближи на 3 десетинки до Макс Верстапен доколку добие шанса во Ред Бул, но само во неговите „добри денови“.
Кога беше запрашан од новинарите дали може да се доближи до Макс на 3 десетинки, тоа е границата која Хелмут Марко ја постави за да се биде возач на Ред Бул, тој одговори:
Да, мислам дека можам да се доближам, но само на моите најдобри денови. Макс е вистински убиец, кога зборуваме за чиста брзина тој е еден од најбрзите, ако не и најбрз. За да се биде негов тимски колега е тешко уште во самиот старт. Би сакал да дознаам колку можам да се рамнам со него. Се надевам дека ќе дојде до тоа.
Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!
Коментари
Loading…