Еден од најдобрите играчи на НБА, кошаркарот на Клиперс, Пол Џорџ, ја запроси својата долгогодишна избраничка Данијела Рајиќ.
Српската Ким Кардашијан и славниот кошаркар одлучија својата љубов да ја крунисаат со брак.
Снимките и фотографиите од овој романтичен предлог ги преплавија социјалните мрежи. Данијела доби скап дијамантски прстен, а веридбата ја прославија со хитовите на Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Даниела и Пол имаат две ќерки Оливија и Наташа, но нивната љубовна врска не била секогаш идилична.
Напротив …
Двајцата се сретнаа во Мајами во 2015 година. За време на тој период, Даниела работеше како go-go танчерка и стриптизета. Се гледале неколку месеци пред да се открие дека Даниела е бремена. Пол Џорџ тврдеше дека Оливија не е негово дете, но Даниела го тужеше кошаркарот на суд. ДНК-анализата утврди дека Џорџ е татко на девојчето.
Тогаш кошаркарот возврати. Тој ја тужел убавата Србинка и барал да биде чувар на девојчето. Тие долго време се “влекле„ по судовите, па се согласиле да го делат старателството.
По некое време, тие ја обновија својата романса и во ноември 2017 година, добија друга ќерка – Наташа.
Денес, Даниела е најголемата поддршка на Џорџ во животот.
BONUS







Коментари
Loading…