in

СО НЕГО И ВО ДОБРО И ВО ЗЛО! Љубовната приказна за Меси и Антонела е сосема поинаква од се што сте ги чуле досега!

Кога велиме жени на фудбалери, првата асоцијација се обично негувани девојки кои се сретнале со мега-успешните спортисти во ноќни клубови. Но, еден фудбалер се разликува и се издвојува од другите по сè.

Во 2017 година, Антонела Роко Меси судбоносно му рече „Да“ на светски познатиот фудбалер Лионел Меси, а нивната љубовна приказна датира од раното детство.

Имено, Антонела и Лионел практично пораснаа заедно – Меси се дружеше со братот на Антонела, а, како што призна и самиот, најмногу затоа што да ја гледа Анотнела почесто.

View this post on Instagram

💗

A post shared by Leo Messi (@leomessi) on

Убавата Антонела била срамежлива девојка, па не влегла во никаква врска со Меси сè до нејзините средношколски денови. Кога Лионел решил да се пресели во Барселона и да се обиде да започне успешна спортска кариера таму, Антонела била шокирана – таа не сфатила дека тој всушност може да го напушти родниот Росарио во Аргентина, каде што пораснаа заедно и каде им се родила љубовта.

Некои извори тврдат дека на возраст од девет години, Меси сакал таа да стане негова сопруга, па затоа често и пишувал љубовни писма. За разлика од другите фудбалери, Меси никогаш не бил заводник и не менувал девојки, а Антонела е првата и единствената жена во неговиот живот.

Потоа, во 2007 година, Антонела доживеа смрт која беше исклучително тешка за да ја поднесе и Лионел веднаш долета во Росарио за да ја утеши. Тогаш сфати дека тој ја сака исто како што и таа, па реши да се запише на колеџ во Барселона и да се пресели кај Лионел.

Нивната љубовна приказна беше крунисана во 2012 година кога го добија првиот син Тијаго, а три години подоцна се роди Матео. Во 2018 година се роди третиот син Џиро.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote