in

Ибрахимовиќ им порача на Росонерите: „Би останал тука до крајот на мојот живот!“

MILAN, ITALY - JULY 15: Zlatan Ibrahimovic of AC Milan reacts during the Serie A match between AC Milan and Parma Calcio at Stadio Giuseppe Meazza on July 15, 2020 in Milan, Italy. (Photo by Claudio Villa/Getty Images)

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, потпиша нов едногодишен договор со италијанскиот клуб.

Популарниот Ибра, се приклучи на екипата од Милано во Декември 2019 и доби продолжувања на договорот во два наврати. Напаѓачот успеа да ја затресе мрежата на противниците 17 пати во 25 средби во сите натпреварувања и со тоа стигна до 500 погодоци во својата кариера во Февруари.

„Секогаш велев дека кога играм за Милан добивам чувство како да сум дома. Многу сум среќен со тоа како клубот се однесува со мене. Би останал до крајот на мојот живот тука, доколку имам шанса“ порача шармантниот Ибрахимовиќ.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote