in

Idris Elba откри кога ќе започне со снимање филмот Luther!

Долгоочекуваниот филм на Luther ќе започне со продукција овој септември, открива Idris Elba.

Акторот, кој ја толкува главната улога John Luther во истоимената серија, изјави дека е возбуден што ќе работи на нов проект за Luther. „Започнуваме со продукција во септември, држете ни среќа“ напиша Elba на социјалните мрежи.

„Многу сме блиску да започнеме со проектот и наскоро студиото ќе даде зелено светло за почеток на снимањето“ додаде тој. Elba веќе подолго време се залагаше да го донесе ликот на Luther на филмското платно и зборуваше за неговиот потенцијал во скоро секое интревју.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote