in

Играчите на Бока Јуниорс добија казни поради инцидентот по натпреварот со Атлетико Минеиро!

Шест играчи и членови на персоналот на Бока Јуниорс добија казни откако се соочија со полицијата по нивниот пораз од Атлетико Минеиро во рамките на Копа Либертадорес.

Аргентиската екипа, која загуби на пенали по двата натпревари без погодоци, беше бесна откако во два наврати им беше поништуван голот од ВАР собата. Тие се степаа во тунелот и соблекувалните по завршувањето на вториот натпревар во Бразил.

Бразилската полиција беше приморана да користи спреј и солзавец против играчите на Бока и тренерите. После овој инцидент, секој играч мораше да плати казна во висина од 500 евра, а 6 членови на клубот добија дополнителна парична казна поради тепачка со полицијата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote