in

Играњето на игри позитивно влијае врз менталното здравје на играчите!

Истражувачите открија дека видео игрите можат да помогнат во битката со депресија и анксиозност.

Влијанието коешто го имаат видео игрите врз играчите беше тема на дебата на многу луѓе долг период. Но сега истражувачите од Научната Фондација во Ирска открија дека бенефициите се поголеми од штетите.

Ова истражување се фокусираше на влијанието на видео игрите врз менталното здравје на играчите, депресијата и анксиозноста. Резултатите открија дека бенефициите на играњето игри врз менталното здравје се големи и можат многу да помогнат во борбата против депресијата.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote