in

Играта Portal добива филмска адаптација!

Популарната игра за компјутер Portal ќе добие филмска адаптација од Холивуд, пренесуваат медиумите.

Корпорацијата Valve е виновна за едни од најинтересните игри во историјата на „гејмерството“, вклучувајќи ги Counter Strike и Half-Life. Една од тие игри е и Portal за која веќе подолго време се шпекулираше дека ќе биде адаптирана на филмското платно.

Популарниот режисер JJ Abrams, кој под негова палка биле режирани филмови како што се Star Wars The Force Awakens и Super 8, е најзаслужниот за претворањето на иконскта игра Portal во филм. Сеуште нема подетални информации околу овој проект, но очекуваме дека во најскоро време се ќе биде „откриено“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote