in

Илјадници потписи собра петицијата со која се бара да и се забрани учество на трансродовата жена на Олимписките игри за жени

Повеќе од 21 илјада луѓе потпишаа петиција со која се бара да и се забрани на трансродовата жена да и се забрани учество на Олимписките игри.

Лорел Хубард влезе во историјата откако стана првата транс-жена атлета која ќе се натпреварува на Олимписките игри во дисциплината дигање на тегови. Таа беше селектирана за тимот на Нов Зеланд и ќе настапи на Игрите во Токио кој ќе започнат овој месец.

Само една недела откако беше објавено дека Лорел ќе се натпреварува на ОИ во Токио, се појави петиција на социјалните мрежи со која се бара да се суспендира политиката за трансродови луѓе да се натпреваруваат во женската категорија, односно да се забрани настапот на оваа атлетичарка. Од тогаш, петицијата собра над 21 илјада потписи од луѓе кој ја подржаа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote