Службата за данок на доход во Индија откри илјадници скриени милионери во северниот град Канпур.
Милионерите многу лесно се забележуваат и се истакнуваат од останатите луѓе, но тоа не е случајот во овој град во Индија. Имено, повеќе од 250 тезгаџии во улиците на Канпур се тајни милионери кои заштедиле неверојатна сума од 37.5 милиони рупии. Тоа е еквиваленто на нешто над 500 илјади долари.
Со овие пари тие купувале недвижнини, автомобили и обработливо земјижте, но тие пари не биле пријавувани во службата. Со цел да се заштитат од лесно откривање, милионерите ги инвестирале своите непријавени пари преку нивните членови во семејството.