in ,

Што?Што?

Русија предупредува – „Има опасност од скриени вируси и бактерии кои се наоѓаат под ледот на Артикот”

Топењето на вечниот мраз поради глобалното затоплување не само што може да доведе до ослободување на гасови метан и потенцијално уништување на арктичката инфраструктура, туку може да предизвика и будење на старите вируси и бактерии, предупреди Русија.

Високиот руски дипломат Николај Корчунов, кој откри дека Русија предложила проект за биосигурност до Арктичкиот совет. Тоа е меѓувладин форум кој се состои од осум земји вклучени во борбата за суверенитет на земјиштето во Арктичкиот круг.

– Постои ризик да се разбудат старите вируси и бактерии. Затоа Русија започна проект за биосигурност во рамките на Арктичкиот совет, чија задача ќе биде да елаборира цела низа ризици и опасности поврзани со деградација на вечниот мраз и идни заразни болести – истакна Корчунов, пренесува Курир.

Корчунов не е првиот што укажа на овој потенцијално катастрофален несакан ефект од климатските промени.

 

И рускиот претседател Владимир Путин неколку пати предупреди на опасностите од глобалното затоплување врз екосистемите и животната средина на земјата, вклучувајќи го и топењето на вечниот мраз, вели РТ. Говорејќи во дебатниот клуб Валдаи во 2020 година, Путин истакна дека 65 отсто од територијата на земјата се составени од вечен мраз, а секоја еколошка промена ќе има огромни последици за руската инфраструктура и може да има огромен удар врз нејзината економија.

„Тоа влијае на гасоводните системи, на населените области изградени врз вечен мраз и така натаму“, објасни Путин. „Ако до 2100 година се стопат дури 25% од блиските површински слоеви на вечниот мраз, што е околу три или четири метри, ќе го почувствуваме ефектот многу силно“.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote