in ,

Имате бајат леб дома? –наместо да го фрлите направете деликатес : Солена пита на која не можете да и одолеете

Доколку имате бајат и сув леб, не го фрлајте.

Искористете го за овој брз и едноставен рецепт.

Испробан рецепт и многу вкусен.

Потребни состојки:

  • 4-5 парчиња сув леб
  • 5 јајца
  • 500 гр кисело млеко
  • 100 гр сирење
  • 100 гр шунка
  • малку сол
  • малку сусам

Начин на подготовка:

  1. – Кришките стар леб исечете ги на коцки.
  2. – Лебот натапкајте го во подмачкана тава. Одозгора посипете со издробено сирење.
  3. – Изматете ги јајцата, посолете и додадете го киселото млеко. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.
  4. – Прелијте преку лебот. Посипете со сусам.
  5. – Тавата со гибаницата од леб ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути односно додека не добие убава румена боја.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote