in ,

ТаженТажен

Ако имате болка на овие две места, можеби сте заразени со омикрон

Варијантата омикрон е веќе раширена низ светот и веројатно предизвикува третина од новите зарази со коронавирус. Иако симптомите се благи, со оглед на тоа што побрзо се пренесува, побрзо и се шири.

Со оглед на тоа дека знаците на зараза се слични со обична настинка, понекогаш е тешко да се разликува за кој вид инфекција станува збор. Според податоците, инфекцијата со омикрон во повеќето случаи не доведува до респираторни проблеми. Најчесто тоа се суптилни знаци кои може да се идентификуваат на два дела на телото.

Најчести симптоми

Болки во мускулите се чест симптом на коронавирусот. Дури и во случај со зараза со омикрон, луѓето чувствуваат затегнување и болка во мускулите. И според докторите во Јужна Африка, каде е пријавен првиот случај на омикрон, повеќето луѓе се пожалиле на болки во мускулите познати како миалгија. Според податоците од делови во светот, повеќето луѓе имаат благи респираторни проблеми со сериозни болки во мускулите. Растечен нос, болки во телото, болки во градите, болки во грбот и умор најчесто се поврзани со омикрон.

Две места на кои најчесто може да почувствувате болка

Двете најчести места на кои луѓето заразени со омикрон чувствуваат болка се нозете и рамената. Во последните две години познато е дека коронавирусот може да предизвика болка во кој било дел од телото, а во случај на омикрон варијантата, нозете и рамената се најчесто зафатени подрачја.

Болката се манифестира на различни начини, а најчесто се карактеризира како болка која се шири и може да се појави и исчезне додека не закрепнете. Некои луѓе се жалат и на чудно чувство како слабост во нозете.

Кога зборуваме за рамената, пациентите главно чувствуваат болка, напнатост о слабост, што е можен знак за зараза со омикрон, пишува Times of India.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote