in ,

WTFWTF Што?Што?

Индија ја помина Кина и официјално стана земја со најголем број жители

Според проценките на Обединетите нации (ОН), Индија сега има население од 1,425 милијарди луѓе. Ова е првпат од почетокот на собирањето податоци за население во 1950 година, Кина да не биде најнаселена земја.

Но, оваа вест во никој случај не се сфаќа како знак за зголемената важност на Индија како светска сила. Ванг Венбин, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, објасни дека иако Индија сега има повеќе луѓе, Кина сепак има повеќе „талент“.

Во Германија, магазинот „Шпигел“ објави карикатура што ја придружува веста. На неа е прикажан целосно пренатрупан,индиски воз како престигнува „кинески“ брз воз.

 

 

Најмногу жители, но не е суперсила

Кондапали признава дека Кина и понатаму е во предност пред Индија во поглед на клучните индикатори како писменоста и здравствената нега. Но, разликата повеќе не е толку голема како што тоа го претставува Пекинг.

Сепак, тој истакнува дека растот на населението не значи дека Индија станува суперсила. „Суперсила се станува врз основа на бруто домашниот производ, врз основа на технологијата, воената сила или „меката моќ“. Ниедна земја нема да стане суперсила врз основа на бројот на жители“, вели Кондапали.

Меѓу Делхи и Пекинг тој забележува битна идеолошка разлика. „Индија нема амбиции да стане суперсила. Од Си Џинпинг би слушнале дека Кина сака да биде во центарот на вниманието, но ниеден кинески политичар никогаш не кажал дека Индија сака да стане суперсила“.

Имајќи предвид дека повеќе не е земјата со најголем број жители, Кина изгуби еден од аргументите со кои го објаснуваше својот статус на суперсила. А кога Индија ќе се навикне на својот нов статус, и нејзините амбиции би можеле да се сменат.

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote