in

Индија руши црни рекорди: Над 3,600 мртви во еден ден!

Податоците кои пристигнуваат од Индија покажуваат дека во саботата се случи најсмртоносниот ден во државата од почетокот на пандемијата.

Во државата беа забележани дури 3.689 смртни случаи предизвикани од коронавирусот. Вкупниот број на заразени изнесува скоро 20 милиони и секојдневно се покачува за дополнителни 350 илјади во просек.

Ова беше четврт ден во низа кадешто индиските власти регистрираа над 3 илјади починати, а третиот бран во државата зема се поголем замав. Капацитетите на болниците одамна се исполнети и се вакцинира населението, но и покрај вакцинацијата нема смирување на ситуацијата.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote