in ,

Што?Што?

Еден индиски град доби семафор со ЛЕД осветлување долж целиот столб! [ВИДЕО]

Во индискиот град Мумбаи е поставен семафор, што возачите ќе можат да го видат од поголема далечина.

Тоа е семафор на потпорниот столб од кој е инсталирано LED осветлување по целата должина. Секој пат кога семафорот се менува, бојата на столбот исто така се менува, па наизменично станува црвена, жолта или зелена.

Засега, еден ваков семафор е поставен во повеќемилионски Мумбаи, и овој пилот проект треба да ја подобри видливоста на семафорите од далечина, за возачите да можат да го видат порано.

Исто така, LED осветлувањето долж целиот столб ќе им помогне на возачите во услови на слаба видливост.

Градот Мумбаи планира да инсталира ЛЕД осветлување на друга сообраќајна раскрсница, а следниот чекор е еколошки – инсталирање соларни панели што ќе го напојуваат системот.

Безбедноста на индиските патишта е на многу ниско ниво. Имено, нешто помалку од три проценти од сите возила во светот возат во оваа земја, но и Индија учествува со дури 12 проценти смртни случаи од сообраќај на планетата.

https://www.youtube.com/embed/K97X8FdBjxI

Светската здравствена организација проценува дека во 2018 година, скоро 300.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во Индија.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote