in

Научниците предупредуваат: Инсектите се повеќе и повеќе се намалуваат!

Климатските промени, инсектицидите, хербицидите, загадувањето, инвазивните видови и промените во земјоделството доведоа до тоа Земјата да губи помеѓу еден и два проценти од популацијата на инсекти секоја година, велат ентомолозите.

„Научниците работат на утврдување дали стапката на загуба на инсекти е поголема отколку кај другите видови“, рече Дејвид Вагнер од Универзитетот во Конектикат, ентомолог, кој води проект што вклучува 12 студии, вклучени 56 научници од целиот свет.

Проблемот што понекогаш се нарекува „апокалипса на инсекти“ е како сложувалка и на научниците им е тешко да ја разберат целата, бидејќи ги немаат сите делови.

„Губењето на бројот на инсекти е споредливо со климатските промени пред 30 години затоа што проценката на стапката на загуба е тешка“, вели ентомологот Меј Беренбаум.

Тoj додава дека луѓето главно не сакаат инсекти, но не се свесни за придобивките што ги имаат за опрашување, уништување на отпад, како и во самиот синџир на исхрана.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote