in

Вкусни интегрални мафини со спанаќ

Потребни состојки:


  • 250 гр. спанаќ
  • 3 лажици крем сирење
  • 2 чаши интегрално брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 чаша минерална вода
  • 1 прашок за пециво
  • 2 лажици семиња пожелба

1. Спанаќот обарете го неколку минути, исцедете го од водата и исечкајте го на ситно. 

2. Во сад за матење додадете ги сите состојќи и мешајте со вилушка додека смесата не стане хомогена.

3. Рерната загрејте ја на 200 степени. Смесата префрлете ја во калапот за мафини кој претходно сте го обложиле со хартиени калапчиња. Наросете ги со омилените семиња. Од смесата излегуваат 12 мафини. Печете ги околу 30 минути.

На здравје 🙂

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote