in

Интегрални стапчиња со семиња

Ужина што често ќе ја правите.

Состојки:

  • 250 гр грахам или интегрално брашно
  • 250 гр бело брашно
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 50 мл. маслиново масло
  • 50 мл. сончогледово масло
  • 300 мл. бело вино
  • 2 лажички крупна морска сол
  • 10 лажички семки од сончоглед

Премачкување:

  • 1 јајце
  • семе од сусам или сончоглед

Подготовка:

Измешајте ги двата вида брашно, додадете прашок за пециво, сол, двата вида масло, бело вино и семиња.

Месете го тестото и оставете го да отстои некое време.

Тестото развлечете го на работната површина и исечете го на стапчиња.

Се редат на подмачкан плех.

Загрејте ја рерната, премачкајте ги стапчињата со изматено јајце, поросете семе од сусам или сончоглед и печете на 200 степени околу 35 минути.

На здравје!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote