in

Интер го обезбеди Скудетото за прв пат во 11 години!

Интер го освои своето прво „Скудето“ за прв пат во 11 години, откако второпласираната Аталанта одигра реми со Сасуоло.

Гигантите од Милано сега се на недостижни 13 бодови разлика од останатите клубови на четири кола пред крајот на првенството. Минатата сезона Нероазурите завршија на втората позиција за само еден бод зад Јувентус, но оваа сезона Антонио Конте усепа да ја прекине низата на Старата Дама која траеше долги девет години во Италија.

Ова е прва титула на Интер во Серија А уште од сезоната 2009/2010 кога Жозе Мурињо го водеше италијанскиот клуб и оствари триплета, освојувајќи го и италијанскиот куп заедно со Лигата на Шампиони.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote