in

БОМБА ОД ИТАЛИЈА: Интер и Јувентус спремаат одлични понуди за Феликс!

Младиот португалски фудбалер, Жоао Феликс, кој настапува за Атлетико Мадрид, наскоро може да ја напушти Шпанија и да се пресели во Серија А.

Италијанските гиганти Јувентус и Интер сериозно се заинтересирани да го ангажираат Феликс и иако се свесни дека не можат да го платат обесштетувањето за португалскиот репрезентативец, тие подготвуваат размени.

Јувентус е подготвен на „Ванда Метрополитано“ да го испрати Пауло Дибала кој сè уште не потпишал нов договор со „старата дама“. Покрај тоа Јувентус е подготвен и да издвои одредена сума на пари.

Од друга страна,Интер нуди проста размена за да дојде до Жоао Феликс го нуди својот напаѓач Лаутаро Мартинез (23) кој и во минатото беше на радарот на Атлетико и тренерто Диего Симеоне. Лаутаро во текот на летото се поврзуваше со трансфер во Барселона, но поради финансиската криза на шпанскиот тим, тој трансфер не се реализира.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote