in

Конте: „Милан имаа среќа“

Менаџерот на Интер Антонио Конте изјави дека лошата среќа е причината за поразот на неговата екипа во градското дерби против Милан кое заврши со резултат 2:1 за Росонерите. Двата гола на Златан Ибрахимовиќ им ја обезбедија победата на Милан кој моментално се наоѓа на самиот врв на Серија А.

Интер имаше повеќе шанси во текот на мечот но не успеа да ја стопи разликата која Милан ја постави уште во првото полувреме. „Жал ни е што ја загубивме оваа игра и покрај тоа што одигравме одлично. Тие беа солидни, но имаа среќа.“ изјави Антонио Конте.

Сакате и вие да создадете ваш квиз? Направете ваш пост!

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote