in

ДАМИТЕ ШИРУМ СВЕТОТОТ ГО ОБОЖАВААТ, А ТАА Е НЕГОВАТА НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА! Малку познати детали од животот на славниот Леонардо ди Каприо

Популарниот актер и голем заводник Леонардо ди Каприо вчера го славеше својот 46-ти роденден. Тој ги освои срцата на публиката, а особено на жените, со улогата во филмот „Титаник“.

Кариерата ја започна во телевизиски реклами, сè додека не го забележаа ловците на таленти. Тој беше ангажиран во серијата „Розана“, но неговата кариера ја започна улогата во „Растечки болки“. Неговиот прв филм беше „Она што го мачи Гилберт Грејп“, за кој ја доби својата прва номинација за Оскар за споредна улога. Првата главна улога, Леонардо ја играше во филмот „Дневник за кошарка“.

Публиката сигурно ќе го памети по улогата на Џордан Белфорт во американската црна комедија „Волкот од Вол Стрит“ во 2013 година.

Покрај актерството, Ди Каприо е активист и работи со хуманитарни организации кои се занимаваат со подигање на свеста за глобалното затоплување и едукација на децата од сиромашните делови на земјата.

Тој е познат и по тоа што неговата мајка Ирмелин е секогаш со него, што е голема поддршка за него.

Кога станува збор за љубовниот живот, зад него стојат врски со бројни познати дами, вклучувајќи ги Бар Рафаели, Жизел Бундшен, Блејк Лајвли, Нина Агдал, Тони Гарн и други.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote