in

УбавоУбаво

Интересни факти за Македонија напишани од странски портал!

Македонија, официјално Република Северна Македонија, е лоцирана во Балканскиот полуостров и беше дел од Југославија. Прогласи независност во 1991. Таа е спектакуларна земја без море, но има изобилство на планини, езера, национални паркови и антички градови со османлиска и европска архитектура.

Македонија има волшебно минато и комплексна национална суштина, каде голем дел од земјата допрва треба да се истражува и е совршена дестинација за патниците кои сакаат да видат типични европски потфати.

Еве 13 волшебни факти за Македонија.

  • Охридското езеро е најстарото и едно од најдлабоките езера во Европа. Се проценува дека е старо околу 4 милиони години, има 200 ендемски видови кои не се наоѓаат на ниту едно друго место во светот. Прогласено е за културно наследство од УНЕСКО во 1979та година.

  • Главниот град на Македонија, Скопје има население околу 700.000 луѓе а пак вкупното население е нешто повеќе од 2.000.000.

  • Мајка Тереза од Калкута е родена во Скопје.

  • Македонија е единствена земја која доби независност од Југославија без да пролее крв.

  • Има повеќе планини и планински врвови од било која друга земја во светот. Земјата има околу 34 планински врва и многу од нив сеуште не се видени од човечко око.

  • Кирилското писмо, официјално во Македонија, се заснова на азбуката развиена од двајца браќа Македонци во 9 век. Ја учеле од нивните ученици во еден манастир во Охрид, и оттаму се проширил низ источнословенскиот свет.

  • Македонија беше првата земја во светот со целосен пристап во безжична широкопојасна врска во 2006 година, откако беше дел од високо-технолошки проект.

  • Земјата е стара! Античкото кралство на Македонија поттекнува од 808 години п.н.е и се вели дека Скопје е старо околу 7.000 години.

  • Има своја валута, македонски денар. Државата се труди да влезе во ЕУ и да ја користи валутата Евро.

  • Александар Велики, кој беше крал на поранешното Кралство Македонија, беше првиот светски освојувач кој ја прошири својата империја низ Грција и Персија, до Индија и Египет. За тоа време, Кралството Македонија беше најмоќната држававо светот, сепак по неговата смрт, империјата се распадна.

  • Граничи со Косово, Србија, Грција и Албанија.

  • Кокино е една од најстарите опсерватории во светот, признаена од НАСА и датира од 19 век п.н.е.

  • Благодарение на тоа што биле дел од Оттоманската империја од 14 век, постојат голем број џамии, вклучувајќи ја и разнобојната Шарена џамија изградена во 1945 година и за која се вели дека е еден од највеличествените примери на исламската архитектура во светот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

2 поени
Upvote Downvote