in

НАЈСМРТОНОСНОТО ОРУЖЈЕ НА ИЗРАЕЛ! Недопирливите убијци на MOSSAD!

Мохсен Фахризаде е можеби убиениот врвениот ирански нуклеарен научник, но тој сигурно не е единствениот. Во последните 10 години, најмалку уште четворица ирански научници починаа, а Иран за нивната смрт ги обвинува својот непријател – Израел и нивната безбедносна служба – MOSSAD.

Како по правило, Израел никогаш не коментирал за ваквите обвинувања, но често тврди дека има право да се брани и го спречува Иран да стане воена нуклеарна сила.

Нивната разузнавачка агенција MOSSAD е позната по насочени убиства во име на зачувување на националната безбедност, а смртта на Фахризадех и неговите претходници ја имаат истата шема – убијци на мотори и убиства на луѓе кои претставуваат закана за безбедноста на Израел.

Фахризаде, кој ја основаше воената нуклеарна програма на Исламската Република Иран во 2000-тите, беше убиен со активирање на бомба со далечинско управување.

MOSSAD скоро никогаш не ја призна одговорноста за убиството, но Израел призна дека спровел тајна операција против нуклеарната програма на Иран. Во 2018 година, премиерот Бенјамин Нетанјаху рече дека неговата влада добила десетици илјади документи од таканаречените ирански „атомски архиви“.

Истата шема на убиства
Пред десет години, во 2010 година, Масуд Али Мохамади, експерт за физика на честички, беше убиен со активирање на бомба прикачена на неговиот мотор пред неговиот дом во Техеран.

Подоцна истата година, на сличен начин почина и друг нуклеарен научник, Маџид Шахријар. Непознати сторители фрлиле бомба кон неговиот автомобил. Истиот ден, Ферејдун Абаси Давани, главниот нуклеарен научник во тоа време, го преживеа обидот за атентат. И двајцата, патем, соработуваа со Фахризаде.

Академик Дариус Разаинеџад, кој исто така беше поврзан со иранската нуклеарна програма, беше убиен од непознати напаѓачи кои избегаа со мотоцикли.

Една година подоцна, Мустафа Ахмади Рошан, заменик началник на иранската фабрика за збогатување ураниум, беше убиен во напад со магнетна бомба додека возел на работа.

„Институт“
Во декември 1949 година, коосновачот на Израел, Давид Бен-Гурион, основаше нова агенција за разузнавачки операции надвор од границите на земјата, која подоцна ја нарече Институт за разузнавање и специјални операции, попознат како „Институт“ – MOSSAD.

Со формирањето на MOSSAD, израелските разузнавачки служби се споија во една „проширена разузнавачка рака“, која преживеа во повеќе или помалку исти форми до сега: Аман е воена разузнавачка служба која ги снабдува израелските безбедносни сили со информации; Шин Бет е задолжен за внатрешно собирање информации, борба против тероризмот и Мосад, кој ги спроведува своите тајни активности надвор од границите на Израел.

Бен-Гурион ги држеше под контрола сите агенции, а јавноста не знаеше многу за нивната работа. Бен-Гурион им забрани на сите да признаат, а камоли да откриваат дека постои сложена мрежа на тајни агенции. Никој не ги знае нивните цели, улоги, мисии, овластувања, па дури и врски.

Со други зборови, MOSSAD е влада во сенка, паралелна, но одделена од демократските институции на земјата – „Длабока држава“. И токму оваа мистерија, но и усвоениот британски систем овозможува прогласување вонредна состојба и бунт, закана за безбедноста, што служи како оправдување за бројни активности и операции што би биле мета на кривично гонење и долги затворски казни.

Недопирлив или не, само Иран се закани со одмазда против Израел, а многу експерти сега стравуваат дека убиството на таткото на иранската нуклеарна програма може да доведе до нова дестабилизација на Блискиот исток и нови конфликти. Што ќе се случи понатаму, останува да видиме.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote