in , ,

СлаткоСлатко

Падна помирувањето? Бредли и Ирина ги подгреаа сомнежите дека љубовта повторно цвета

Манекенката Ирина Шајк и актерот Бредли Купер беа фотографирани како заедно шетаат по улиците на Њујорк, а во таа прилика делуваа доста интимно, што повторно ги разгоре приказните за нивното конечно помирување.

Поранешниот пар го дели старателството над четиригодишната ќерка Лео, а раскинаа пред две години.

Раскинувањето дојде по неколкунеделни извештаи дека Бредли премногу се зближил со Лејди Гага, партнерка на неговото режисерско деби „A Star Is Born“.

Купер и Ирина тогаш негираа дека Гага е причина за нивното раскинување, а во наредниот период неколку пати беа видени заедно во јавност, но секогаш во друштво на нивната ќерка.

Поради тоа, најновите папарацо фотографии го подгреаа сомнежот дека парот се смирил затоа што овој пат со нивното друштво не била Леа, а делувале прилично интимно.

 

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote