in ,

СлаткоСлатко

Ирина Шајк во провокативно издание – атрактивната русинка во проѕирен фустан

Ирина Шајк била фотографирана како излегува од хотелот во Кан, а поради изгледот повторно била во центарот на вниманието. Смелото модно издание вклучувало целосно проѕирен фустан, под кој имала црни бикини.

Руската манекенка била во центарот на вниманието поради нејзините изданија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, а после тоа била фотографирана како заминала на забавата и повторно поради својот стајлинг сите погледи биле вперени во неа. Шајк била забележана како излегува од хотелот „Мартинез“ во проѕирен фустан со црни бикини под истиот. Овој стил го надополнила со интересен накит, како и црни проѕирни ракавици.

Парчињата облека се дизајн на Гучи, а Ирина ги одбрала за забавата во Кан, која ја организирале британскиот „Вог“ и „Шопард“. Изгледот го комплетирала со црни очила, дијамантски обетки и црни потпетици.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote