in

НА МЕРКИТЕ НЕ ИМ ИМА КРАЈ! Ирска ќе бара двоен тест за PCR!

Ирска ќе побара од сите патници да направат дополнителен PCR-тест за вирусот корона по пристигнувањето, без оглед дали биле тестирани пред патувањето, објави денеска вицепремиерот Лав Варадкар.

„Иако веќе имаме најстроги мерки за биолошка безбедност во рамките на Европската унија, ние дополнително ќе ги заостриме во следните недели, почнувајќи со дополнителен тест за PCR по пристигнувањето, како и пред да пристигнат луѓето“, рече Варадкар.

Со регистрирани 235,444 случаи на ковид-19 од почетокот на пандемијата, Ирска е на 59-то место на списокот објавен од специјализираната страница worldometers.info, додека по бројот на смртни случаи (4.681), на 54-то место и на број на жртви на милион жители (940) на 42-то место во светот.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote