in ,

СлаткоСлатко Што?Што?

Истанбул прогласен за град со најевтина храна во рестораните, додека во ова земја јадењето е најскапо!

Врз основа на истражувањето на порталот „Maxima“, скандинавските градови ги заземаат првите 3 места на листата на најскапи градови, односно градови со најскапа храна во рестораните.

Според истражувањето, 3 убедливо најскапи градови се Осло, Копенхаген и Берген, а на листата се најдоа и Хелсинки, Лондон, Милано, Стокхолм, Париз, Единбург и Брисел.

 

 

Од друга страна, трите најевтини градови се Истанбул, Санкт Петербург и Будимпешта, а по нив следуваат Киев, Прага, Лисабон, Москва, Неапол, Дубровник и Атина.

 

 

 

Истражувањето се заснова на споредување на цените на оброците во евтин ресторан, цените на оброците во ресторан од средна класа, цените на оброците за време на ручек, цените за време на вечера во паб и цените на оброците со 3 јадења во италијански ресторан.

Осло е на прво место на листата како најскап европски град за уживање во ресторани со просечна цена од 66,48 евра за двајца, што е речиси 400 отсто повеќе од цената на просечниот оброк во Истанбул.

Во Истанбул просечната цена за два оброка во ресторан изнесува 17,42 евра и е најниска од анализираните градови во Европа.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote