in

Историско финале! Махрез за двојна победа на Сити!

Фудбалерите на Манчестер Сити за прв пат во историјата ќе играат во финалето на Лигата на шампионите! По победата над Пари Сен Жермен во првиот натпревар со 2: 1, „граѓаните“ славеа во реваншот на домашен терен со резултат 2:0 и на доминантен начин го добија мечот за највреден трофеј. Нивниот ривал во големото финале на 29 мај во Истанбул ќе биде Реал Мадрид или Челси.

Избраниците на Пеп Гвардиола минатата недела направија огромен чекор кон финалето во Париз, но надежите на тимот на Маурисио Покетино живееја пред реваншот на Островот. Сепак, тие беа изгаснати многу брзо и многу лесно.

Најголема заслуга за тоа има Ријад Марез. Алжирецот со голови во првото и второто полувреме ги предводеше Англичаните до нова победа, докажувајќи дека Сити е подобар од ПСЖ во овој момент. Особено од ПСЖ без нивниот најдобар играч Килијан Ембапе, кој седеше на клупата поради повреда.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote