in

Истражувањата покажаа дека веганите имаат послаби коски!

Иако веганската диета е многу возбудлива поради одредени здравствени придобивки, има и некои недостатоци во отфрлањето производи од животинско потекло.

Една мала студија покажа дека веганизмот е поврзан со послаби коски и повеќе фрактури на коските.

Истражувачите проучувале две групи – 36 вегани и 36 луѓе кои јаделе секаков вид храна – и ги сликале за да го проценат здравјето на нивните коски. Сè на сè, веганите имале послаби коски.

Студија спроведена од истражувачи од германскиот Федерален институт за проценка на ризик исто така открива дека веганите имаат помалку калциум, важна хранлива материја за здравјето на коските, во споредба со луѓето кои јадат сите видови храна.

Некои други хранливи материи што им недостасувале на веганите биле витамин А, витамин Б2, лизин, цинк и омега-3 масни киселини, пишува Инсајдер.

Во друга студија, која анализирала 55.000 луѓе, веганите имале 2,3 пати повеќе фрактури на колкот и двојно поголем број на скршени долни екстремитети во споредба со оние што јаделе секаков вид храна.

Студијата исто така откри дека некои вегани можеби не јадат доволно протеини, што е клучно за здравјето на коските.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

1 поен
Upvote Downvote