Италијанските власти се одлучија да превземат правни мерки против фармацевтските компании Фајзер и АстраЗенека поради доцнење со доставата на вакцините. Целта на оваа тужба ќе биде да се забрза испораката на вакцините, а не да се бара надомест за вакцините, изјави министерот Луиџи ди Мајо.
„Правиме се што е во наша можност за да не го смениме планот за вакцинирање. Нашата цел е да ја натераме Европската комисија да ургира кај компаниите за да ги испочитуваат нивните обврски“ изјави министерот.
Коментари
Loading…