in

СлаткоСлатко

Италијанскиот град нуди 30.000 евра доколку купите куќа и се вселите во неа

Идилично гратче на југот на Италија им нуди на луѓето 30.000 евра да купат куќа и да се вселат во неа, надевајќи се дека ќе го оживее сè попразниот центар на градот. Меѓутоа, бидејќи таму цените на недвижностите се толку ниски, понудената сума е доволна за многумина да купат и поправат една од куќите во центарот на градот.

Градовите низ Италија секојдневно смислуваат нови идеи за да привлечат нови жители во нивните градови: од бесплатно продавање трошни куќи до прифатливи домови подготвени за вселување. Живописниот град Пресиќе последен се одлучи за интересен потфат. На луѓето кои се подготвени да купат и да се вселат во празни станови им се исплаќаат и до 30.000 евра, пишува CNN.

За учество во проектот, апликантите мора да купат еден од становите во градот, кои се специјално обележани од градските власти и се изградени пред 1991 година. Цените на куќите започнуваат од 500 евра за метар квадратен, што значи дека секоја од куќите може да се купи и за помалку од понудената сума на пари. Според надлежните, 25.000 евра треба да бидат доволни за купување и евентуално поправка на стан од 50 квадрати.

Финансирањето што градот го доби од спојувањето со помалата соседна заедница нема да се исцрпи некое време, па градот може да го продолжи проектот уште неколку години.

Градот има околу 9.000 жители, а околу половина од нив живеат во внатрешното градско јадро.

Како и другите евтини имоти во Италија, овие куќи беа напуштени од нивните првични сопственици пред некое време. Покрај цената, локацијата е и атрактивна, бидејќи градот се наоѓа на југот на Италија, во близина на песочните плажи и тиркизното море. Градските власти се надеваат дека понудата ќе му даде нов живот на градот, бидејќи неговата популација се намалува од година во година.

„Има многу празни куќи во центарот на градот каде што сакаме да видиме нови жители“, изјави членот на градскиот совет Алфредо Палезе за Си-Ен-Ен. Срамота е да се види како полека се празнат нашиот стар град, полн со историја, прекрасна архитектура и уметност“, додаде тој.

Ова не е единствената шема што сакаат да ја користат за да привлечат нови жители во градот. Меѓу другото, новите деловни активности имаат пониски даноци, а семејствата со деца добиваат детски додаток.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote