in

Избрана НАЈВЛИЈАТЕЛНАТА серија досега! [ВИДЕО]

Серијата „Сината планета“, “Blue Planet” од Дејвид Атенборо е избрана за највлијателна телевизиска серија досега.

Во анкетата спроведена од најголемата британска телевизиска платформа, оваа серија доби дури третина од гласовите (34 проценти).

Станува збор за серијал на Би-Би-Си, кој ги истражува сите аспекти на морскиот живот, и содржи снимки од подводни суштества и нивни навики кои никогаш порано не биле снимени.

Снимањето траеше скоро пет години, а се снимаше на околу двесте локации.

Серијата има освоено повеќе награди. Емитувањето во Велика Британија започна во септември 2001 година, а во 2017 година пристигна и продолжението „Сина планета II“.

На второ место, со 29 проценти од гласовите, беше исто така дело на Дејвид Атенборо, серијалот „Планета Земја“ од 2006 година, што е најскапата серија што Би-Би-Си ја нарачал досега и прва што е снимена во HD.

Сепак, фактот дека акционата серија „Killing Eve“ го зазеде третото место докажува дека не само документарната серија имаше големо влијание врз гледачите. Таа доби 23 проценти од гласовите.

На списокот се и мегапопуларната „Игра на тронови“ со 17 проценти од гласовите, реалното шоу „Остров на убовта“ со 11 проценти и ирската драма „Нормални луѓе“ со 10 проценти.

  1. Blue planet
  2. Planet Earth
  3. Killing Eve
  4. Game of thrones
  5. Gavin and Stacey
  6. Strictly come dancing
  7. Peaky blinders
  8. Call the midwife
  9. The handmaid’s tale
  10. Sherlock

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote