in

Пилот талкал во прашума цели 36 дена, спасен од комбинација на неверојатни околности! [ВИДЕО]

Него случајно го пронашла група земјоделци кои успеале да го привлечат вниманието на спасувачката екипа со помош на оган.

Бразилскиот пилот Антонио Сена, чиј авион се урна среде дождовната шума на Амазон, помина 36 дена во дивината.

Според локалните медиуми, на 28 јануари Сена полетал од Аленкер, на северниот брег на реката Амазон и се упатил кон градот Алмеирим. Сепак, моторот откажал, па тој морал принудно да слета.

36 дена го јадел лебот што го имал со себе и изгубил 25 килограми.

Кога конечно беше забележан, тој беше видливо исцрпен, дехидриран и слаб. Бразилската телевизија го пренесе неговиот состанок со семејството пред да биде пренесен во болница.

„Единственото нешто што ме одржуваше во живот е мојата љубов кон семејството и желбата да ги видам моите родители, сестра и брат“, изјави пилотот кој ја доживеа оваа несреќа два дена пред неговиот 36-ти роденден.

„Сакам да им се заблагодарам на сите што не се откажаа од мене“, рече тој.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote