in

ИЗГРАДИЈА КРУЖЕН ТЕК НА ДНОТО НА АТЛАНТСКИОТ ОКЕАН! [ВИДЕО]

Работата на првиот подводен кружен тек е завршена на дното на Северниот Атлантски Океан, како дел од градењето на тунелот долг 11 километри под дното што поврзува два од 18-те Фарски острови.

Кружниот тек наскоро ќе биде пуштен во употреба и не само што ќе се користи за сообраќај, туку и необичниот инженерски потфат е украсен со инсталација од локалниот уметник Трондур Патурсон.

Во својот најдлабок дел, тунелот „Еисторојар“ лежи на 189 метри под површината на океанот.

Во 2014 година, Парламентот на Фарските Острови ги одобри плановите за изградба на тунел што би го поврзал главниот град Торшавн со две места на островот Еисторојар – Рунавик и Стендур.

Тунелот ќе го скрати растојанието помеѓу Торшавн, кој се наоѓа на најголемиот и најнаселен остров Стрејмор, од две села на островот Еисторојар од 55 на 17 километри. Времето на патување ќе се намали од еден час на 16 минути.

Вториот тунел е исто така во изградба и ќе ги поврзе островите Стрејмои и Сандој.

Тунелскиот систем е најголемиот инфраструктурен проект во историјата на Фарските Острови и се планира да заврши до 2024 година.

Вредноста на работите на двата тунела се проценува на 265 милиони долари.

Работите на тунелот кон Еисторојар се планира да завршат до почетокот на 2021 година, но тие беа завршени пред крајниот рок, па затоа ќе биде отворен на 19 декември, кога ќе поминат сите безбедносни проверки.

Што се однесува до вториот тунел, околу 60 проценти од работата за дупчење е завршена.

Коментари

Претплатете се
Известете ме за
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
Прегледајте ги сите коментари

Loading…

0

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote