in

УбавоУбаво

Извлечена четвртфиналната ждрепка и во Конференциската лига

Рома како освојувач на првото издание на Конференциската лига нема можност да ја брани титулата во ова натпрварување, бидејќи четата на Жозе Мурињо опстоја во Лигата на Европа и се најде во четвртфиналето.

„Волчицата“ ова попладне дозна дека ќе игра против Феенорд во четвртфиналето, но по извлечената ждрепка во Нион за Лигата на Европа, следеше и последното, трето извлекување закажано за денеска.

Вилјареал вчера беше најголемото разочарување и не се пласираше во четвртфиналето, но затоа Андерлехт како победник од двомечот денеска дозна дека негов противник во следната фаза ќе биде АЗ Алкмар.

Тимот кој го исфрли Лацио покажа нависитина добра игра на двата меча против италијанскиот тим, па за очекување е да биде доста израмнето на овие две пресметки.

Фиорентина како еден од фаворитите за највисок пласман го доби за противник Лех, додека Вест Хем ќе брка европски успех преку Гент. Последниот пар го сочинуваат Базел и Ница.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote