in ,

УбавоУбаво СлаткоСлатко

Џеј Ло – Латино дивата и во шестата деценија плени со својот изглед

Џенифер Лопез (52) ги засени сите на синоќешната премиера на документарецот “Halftime“ што ќе се емитува на Нетфликс.

За овој настан Џеј Ло одбра атрактивен црн фустан со потпис на дизајнерот Том Форд, кој совршено ја истакна нејзината фигура. Креацијата го открива нејзиното бујно деколте и ја нагласува нејзиниот струк и женствена фигура. Низ провидните делови на фустанот се гледаат нејзините нозе.

 

Џенифер позираше на црвениот тепих полна со самодоверба, а потоа се заврте и ја поздрави публиката, ставајќи ја во преден план својата славна заоблена позадина.

Налсовот на документарецот што ќе се емитува на Нетфликс, „Halftime“ го означува нејзиниот влез во педесетата година од животот како и настапот со шакира на полувремето на Супер бол.

Филмот првенствено ќе се занимава со професионалниот живот на Џенифер Лопез, но ќе опфати и некои приватни моменти како односот со нејзините деца, 14-годишните близнаци Макс и Ема.

Како ви се допаѓа?

0 поени
Upvote Downvote